Македонија 12. ноември 2019. / 18:06

Мицковски: На фирмите на Кочо профитот им паднал за 50%, не им фали Кочо претприемачот, туку да се тргне Кочо министерот

Мицковски: На фирмите на Кочо профитот им паднал за 50%, не им фали Кочо претприемачот, туку да се тргне Кочо министерот

Кочо Анѓушев најави крај на политичката кариера, со образложение дека му трпел бизнисот. Анѓушев неколкупати досега повторуваше дека економијата во Македонија блескала, но сега обелоденува дека неговите фирми книжеле загуби.

За овој период приходите во моите компании опаднаа, а и профитите, некаде и до 50 отсто. Тоа е и заради моето отсуство. Ќе си го доработам мандатот, но бидејќи не сум член на ниедна партија, нема да продолжам со политиката, рече Анѓушев.

Премиерот Заев потврдува дека добивката на фирмите на Анѓушев е опадната за 50 %, па јасно се поставува прашањето како тоа се случило ако овие двајца политичари направија економијата да “блеска“.

Ако пропаѓаат бизнисите на Анѓушев, што останува за оние на лица кои не се дел од власта или блиски со политичарите?

Аналитичарот Ивор Мицковски на својот Твитер профил пишува дека не им паднал профитот на фирмите бидејќи им фали Кочо претприемачот, туку им фали да се макне Кочо министерот.

Абе Зоки, ако на фирмите на Кочо профитот им паднал за 50 проценти, не е дека им фали Кочо претприемачот, туку им фали да се макне Кочо министерот. Боже какви цепаници сте и уште се фалите со тоа, напиша Мицковски.