Македонија 18. ноември 2020. / 21:20

Мицкоски жртва на цензура од Телма: Му откажале закажано интервју!

Мицкоски жртва на цензура од Телма: Му откажале закажано интервју!

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, соопшти дека телевизијата Телма го откажала веќе договореното интервју со него што требаше да се одржи утре.

Цензура како во најлошите времиња на комунистичките режими. Утре требаше да гостувам на националната телевизија Телма. Бев известен дека уредништвото на телевизијата не е среќно да се чуе гласот на најголемата политичка партија. Гостувањето откажано, пишува на фејсбук, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

-Причините може да се претпостават. Ова е само приказ за еден брутален недемократски атак кој има функција да го прикрие стравот на Заев и власта и да ја замолкне опозицијата, пишува Мицкоски.

Додава дека „три години измислуваат, констриураат, напаѓаат и лажат, а сега и ме цензурираат“, но тоа вели Мицкоски нема да го спречи да продолжи да ја говори вистината, да ги поддржува новинарите кои ја сакаат вистината и да биде на страна на народот.

-Некој сака земја во која нема опозиција. Но нема да престане да има луѓе кои мислат со своја глава. Најголем доказ дека власта е изгубена, ранлива и дезионрентирана. Жалам, но не повеќе, пишува лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.