Македонија 14. јануари 2021. / 19:44

Мицкоски: Зошто е потребен двоен потпис ако пописот не е политичка операција?

Мицкоски: Зошто е потребен двоен потпис ако пописот не е политичка операција?

Вечерва гостин во вестите на Сител беше лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски. Со него најмногу се зборуваше на темата која е актуелна во јавноста периодов, односно како ќе се спроведе пописот во Македонија.

– Се шпекулираат процентите кои се процентите од овој попис. Самото тоа ја девалвира оваа операција, започна Мицкоски.

Тој ги повтори неговите ставови дека пописот треба да биде статистичка операција и дека дуото Заев и Ахмети, како што вели тој, би имало бенефит од пописот правејќи изборни нерегуларности.

– Да ви претставам преку пример. Утре кога ќе позајмиме пари ќе уплатиме помалку отколку што треба. Затоа велиме НЕ за политички попис, ДА за статистички попис, рече лидерот на опозицијата.

Како алтернатива тој рече дека нивната замисла за пописот е да има терминали кои ќе ги вчитуваат отисоците од прст.

– Имаме двоен потпис. Да речеме дека и чесна намерата. Зошто е потребен двоен потпис, ако не е политичка операцијата?, потенцираше Мицкоски упатувајќи прашање до власта.

Гласаме закон чија методологија не ја знаеме, вели Мицкоски нагласувајќи дека методологијата не е излезена во службен весник. Затоа тој кажа и за локалните избори.

– Ние како и да е ќе имаме локални избори. Дајте тие да ги искористиме и за пописот. Ние потпишуваме резиденти на нашата држава, а не други, заврши Мицкоски.