Jас навистина сум вчудоневиден како вака господинот Зоран Заев со леснотија го кажува ова. Бидејќи јас би ја лоцирал одговорноста, секогаш за да дојдеме до целта и до вистината ние мора да ја лоцираме одговорноста“, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во дуелот со Зоран Заев на МРТ.
Мицкоски додаде дена навистина е згрозен од тоа што го слуша.
„Без разлика на содржината каква е, дали е спротивна кон мене, или од мене кон други и итн. Јас сум згрозен и тоа не само што не го оправдувам туку тоа треба драконски да се казни, тука немам никаква дилема. Тука треба да се имплементира законот од првата буква до последната буква. Треба тоа да го расчистиме и како политичари тоа треба да го кажуваме“, рече Мицкоски.
Тој во дебатата посочи дека Зоран Заев бега од правдата и не сака да ја лоцира одговорноста за да стаса до вистината и да се казни секој оној кој што објавува нелегални материјали. Но затоа по 15-ти јули кога ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира својата влада тогаш законот и правото ќе се применуваат од првата до последната буква.