Македонија 25. октомври 2020. / 21:39

Мицкоски: Земјата го плаќа Заев со животите на луѓето кои се губат

Мицкоски: Земјата го плаќа Заев со животите на луѓето кои се губат

Додека Заев си се забавува со некаков дигитален конгрес, и во исто време кога започна да се колне во црвената боја за која денес соопшти дека била на Европската Унија, откри дека е спремен за нови декларации со источниот сосед, зошто нели “рибата мириса од опашката”, покрај овие несериозности, единствено сериозна е националната катастрофа со Ковидот, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вечерва на Фејсбук.

Не само што Заев и неговата опасно неспособна влада се спремни да го асимилираат народот, туку допуштаат и геноцид. Само денес 22 лица починаа поради Корона. Над 900 починати од почетокот на кризата. Таквата катастрофа е последица на убиствената неспособност на Владата. За жал земјата го плаќа Заев со животите на луѓето кои се губат затоа што имаме отсуство на организиран систем да се соочи со опасноста, додава Мицкоски.

Тој вели дека нема изговори, ниту трпение.

Ако не знаат како, нека си ги спакуваат куферите, доста Македонија ги губи своите чеда поради неспособната Влада и мафијата на Заев, порача Мицкоски.