Македонија 18. мај 2020. / 12:37

Мицкоски: Здравствената криза се продлабочува, за една недела има 170 новозаразени и десетина мртви

Мицкоски: Здравствената криза се продлабочува, за една недела има 170 новозаразени и десетина мртви

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во гостување на телевизијата „Канал 5“ истакна дека од последната лидерска средба, состојбата со епидемијата на корона вирусот во Македонија се влошила, односно од тогаш до сега, за само една недела има 17о нови заразени и десет починати луѓе.

Поради тоа, Мицкоски вели дека ќе треба да се консултира алгоритамот што го прифатиле на минатиот состанок, како и да се направат консултации со ОБСЕ и ОДХР и со ДИК за да се најде термин за одржување на изборите кога нема да биде загрозено здравјето на граѓаните.