Македонија 13. февруари 2020. / 21:15

Мицкоски: Законот за ЈО е спротивен на Уставот, а власта се заканува и уценува

Мицкоски: Законот за ЈО е спротивен на Уставот, а власта се заканува и уценува

Процесот се води на сила, не му доликува на Законодавниот  дом, тоа е разочарувачки, Се тргува со секој глас, власта се заканува и уценува, истакна претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски  емисијата “Што не е јасно“ на Алфа ТВ,  во однос на Законот за ЈО, каде вечерва во Собранието треба да  се одржи 135. собраниска седница на која пратениците ќе расправаат за предлог-законот за Јавно обвинителство и Предлог-законот за Советот на јавни обвинители, потврдија за МИА од кабинетот на собранискиот спикер, Талат Џафери.

Зоран Заев гледа спас за себе и за одговорноста после 12 април . Се тргува со секој глас, се закануваат се уценуваат , не заради квалитетот на законот, тој нема да стане веднаш  ефективен , туку од 30 јуни 2020, затоа што Зоран Заев мисли ако го донесе овој закон по било која цена дека ќе се откочи процесот, па  да добие државата позитивен сигнал дека ќе се отпочнат преговори и да рече еве отпочнавме со процесот и тоа да донесе бенефит плус и да се спасува од одговорност . ВМРО ДПМНЕ нема да го поддржи законот . Овој Закон е спротивен на Уставот  и мислам дека се нема обезбедено мнозинство, истакна Мицкоски во емисијата “Што не е јасно“ на Алфа ТВ.