За Владата на Заев, Франција и Германија кои превземаа поинтензивни мерки и протоколи за превенција од #COVID заразата прават грешка и се ретроградни, затоа што нашата Влада не превзема ништо за да спаси животи, напиша на Фејсбук, лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Болните со хронични болести сѐ уште задолжително одат на работа, ако не ги убие короната, тука е загадениот воздух кој по 4 години Влада на Заев сѐ уште не е алпски чист како што ветуваа. Го нема ајрото. Единствената порака на Заев е да не се крева паника во состојба кога имаме бројки кои покажуваат катастрофа. 862 новозаразени и 14 починати, пишува Мицкоски.
За Владата на Заев, Франција и Германија кои превземаа поинтензивни мерки и протоколи за превенција од #COVID заразата…
Posted by Hristijan Mickoski on Thursday, October 29, 2020
Владата не прави ништо, вели тој, парада, се занимава со опозицијата, се дави во својата неспособност