Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, истакна дека во јавноста има признание дека Заев грубо ја злоупотребил службената должност диктирајќи одлуки на Врховниот суд.
– Заев јавно признава дека се влечат случаите и за таа негова стратегија знае и СЈО и Катица Јанева која била свесна за сето тоа. Шемата како да паднат случаите била јасна или закон за обвинителство или ќе го цитирам „трас-трас” одлука на Врховниот суд. Значи освен премиер, бил и судија, но и обвинител – вели Мицкоски.