Заев одбил помош за руските вакцини кои се дозволени дури и во земјите од ЕУ, но затоа лицемерно неговите компании извезуваат производи во Русија за сопствен профит, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во „Прашањето ми е следно“ на порталот Инфомакс.
Според Мицкоски тука станува збор за здравјето на граѓаните и секоја помош требало да се прифати за да се обезбедат час поскоро.
– Ако е точно дека одбиле тогаш тие напраавиле сериозно злодело и недело. И во Германија ги користат руските вакцини, кои се проверени и имат добиено дозвола и во Европската унија. Ако нашиве се плашеле од руската вакцина, а од друга страна не им е страв да извезуваат земјоделски производи од компаниите на Заеви во Русија, тогаш тоа е лицемерие, затоа што сега станува збор за здравјето на граѓаните, потенцираше Мицкоски.
Тој истакна дека не е важно дали е руска, германска, кинеска вакцина штом Европската унија ги дозволила не ја разбира причината зошто власта ја одбила истата.
-Криво ми е навистина кога гледам како цел свет се вакцинира, а ние кршиме прсти, заклучи Мицкоски.