Доста е, време е Македонците да се борат за своите правдини. Ова што Заев и го прави на Македонија е срамно, срамно е измамништвото негово, немаше човек од Македонија кој не почувствува срам. Зошто- За таа пуста фотеља, изјави вечерва лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по протестот организиран за одбрана на црвените линии на Македонија.
Сега пријатели, внимателно да ме слушнете, овде нема политика, Ова е Македонија, овој протест е на народот, на сите против лудоста на еден човек, натпартиски, мора сите да се обединети . Да се обратам до членовите на СДСМ и симпатизерите, но сега мора да бидете погласни и да се спротивставите. Зоран Заев не е Македонија. Имаме цел да го сочуваме нашиот образ и идентитет. Сега е време да се разбудивме, оти подоцна ќе биде предоцна, истакна Мицкоски.
Заев под итно и јавно да се извини за своите ставови изнесени на бугарски медиум, на навредните на нашите предци. Тоа не е став на Македонија, нема право да го урива наследството. Заев мора да си оди, бараме итна и неоповиклива оставка веднаш. Остакна на Заев, слобода за народот . Ги повикувам сите да излезат на улиците , а утре ќе организираме блокади, изјави Мицкоски.