Македонија 05. август 2020. / 15:06

Мицкоски: Заев и Спасовски ја злоупотребија вонредната состојба за да протнат закони со кој си овозможија повеќе минути за реклами по телевизиите

Мицкоски: Заев и Спасовски ја злоупотребија вонредната состојба за да протнат закони со кој си овозможија повеќе минути за реклами по телевизиите

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во однос на драстично зголемената минутажа на реклами на власта во медиумите смета дека она што се случуваше  на овие избори ќе ги чини граѓаните една милијарда евра, бидејќи толку е порастот на долгот за едно тромесечие.

Покрај оваа една милијарда евра, покрај она што се соочуваше ВМРО-ДПМНЕ, незаконски блокиран имот, неисплатено финансирање на политичките партии, се соочи и со измена на изборниот законик на 22. јуни во 23:55 минути кога практично се ограничи медиумското презентирање на опозицијата на медиумите. На сметка на тоа се зголеми двојно медиумското презентирање на партиите од власт, во случајот СДСМ и ДУИ. И токму поради тие причини ние денеска имаме за повеќе од 45 часови помало презентирање во медиумите споредено со СДСМ и повеќе од 30 часови помало медиумско презентирање од Демократската унија за интеграција. Затоа што се промени изборниот законик, рече Мицкоски.

Тој смета дека како никогаш до сега, со уредба со сила на закон, а тоа беше овозможено од претседателот Пендаровски, преку продолжување на вонредната состојба, со изговор дека ја продолжува вонредната состојба поради здравствени потреби, економски потреби.

Но, тоа од страна на владата на Спасовски беше злоупотребено. Брутална злоупотреба на изборниот законик и интервенција во медиумското презентирање на политичките партии што на ден пред почеток на кампањата што нас не стави во подредена положба. 

Токму поради тоа ВМРО-ДПМНЕ денеска во извештајот на АВМУ има нешто повеќе од 70 часа, а СДСМ има нешто повеќе од 130 часа политичко платено презентирање во медиумите. Затоа што се смени изборниот законик, се интервенираше најбрутално и затоа велам на најпримитивен начин беа организирани овие предвремени парламентарни избори, додаде Мицкоски.

Единствена причина зошто партијата не реагирала тогаш било за да не се наштети на процесот, да не наштети на евроинтегративните процеси на Македонија.