Првиот ден од старата влада со нов мандат, Заев и ДУИ не го искористија да помогнат на народот туку да го сменат деталниот урбанистички план во Тетово, за да може на земјиштето на контраверзниот бизнисмен Дака да градат станови, бизнис вреден околу 200 милиони евра. И притоа видете каков е само тој молк од власта. Молчат и молат бога да се прескокне темата затоа што апла се фатени во криминал. Толку ги бива за народот, единствено се добри само за нивниот џеб, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција.
Трет ден има молк ниту има некаков одговор од СДСМ ниту пак Владата даваат одговор ниту Министерството за транспорт и врски дава одговор зошто токму тогаш се случува промената на тој детален урбанистички план со којшто се овозможува дополнителна можност за заработка на 200 милиони евра на контроверзен бинисмен којшто во еден таков нелегално стекнат материјал го слушавме за време на изборната кампања како споменува провизии во вредност од неколку стотици илјади евра, потенцираше Мицкоски во одговор на новинарско прашање.
Тој додава оти потоа го гледавме демантираше, па велеше дека тие пари не ги земала оваа Влада туку ги земала некоја друга Влада, па потоа истиот тој бизнисмен го гледавме како вели дека ветил две илјади квадрати кога ќе помине ДУП-от.
Тука веќе не може вадиме дали била оваа или друга Влада затоа што раководството на општината во којашто се менува овој ДУП и тогаш една Влада и во друга Влада бил истиот на тоа раководство. Па вели како ќе дал провизии од 2000 квадрата, па неколку милиони евра се споменуваат за работа којашто треба да му биде завршена. А таа работа се завршува веднаш по формирањето на Владата. Значи, неколку дена по постигнувањето на колицискиот договор се менува деталниот урбанистички план со којшто на криминален начин сеовозможува да се стекне добвка од повеќе од 200 милиони евра, објасни Мицкоски.
Овој интеркоалициски договор, вели тој, предвидува и менување на други ДУП-ови, затоа што е тоа мафија.
А мафијата е тесно поврзана со нелегални вредности, затоа што тука нема никаква врска со политика, а такво менување на ДУП-ови ќе слушнете деновиве тука во строгиот центар на градот. И зошто се менувани, кога се менувани и која била целта на менувањето. Затоа што во светот кога се постигнуваат такви интеркоалициски договори помеѓу политички партии се активираат политики, програма за работа итн. Во светот не се менуваат детални урбанистички планови со кои се овозможува екстра профит на лица коишто претпоставувам имаат определена обврска, како што тоа го слушнавме од овој контроверзен бизнисмен дел од тие пари и средства стекнати како резултат на менувањето на овие ДУП-ови да ги вратат онаму кај тие коишто ги менуваат, заврши Мицкоски.