Новинарот Ивор Мицковски на својот фејсбук профил напиша статус прашувајки: „Која беда е да им префрлаш вина на сите други за нешто што веќе си ти, ти што ја имаш моќта и што очигледно си ја злоупотребил“?, мислејки на премиерот Заев.
Кутриот нему се му е јасно. Мора да вришти против новинари, криминалци, педери, пошто нешто од тоа што го плаши го осетил во себе. Сака да си се свиѓа, да си се лаже, да живее во култот што слугите му го градат, дека без него ќе сме биле се уште заробени. Па има ли позаробени луѓе од тие што на овие логики слугуваат. Си се свиѓа, сака да е нормалниот меѓу ненормалните, маж во свет на педери, среќен во земја на несреќни, богат во земја на сиромашни. Има нешто базично, рудиментално во тоа што не може да го сокрие немирот, да не го издаде криминалот за кој очигледно е свесен дека се случил. Јебига, фатен со спуштени гаќи му остана да вришти и хистерише, да бара непријатели, да глуми жртва, да биде вулгарен и демек мачо, новиот Заев. Која беда е да им префрлаш вина на сите други за нешто што веќе си ти, ти што ја имаш моќта и што очигледно си ја злоупотребил, напиша Мицкоски.