Реков дека чувствувам одговорност и тука немам дилема, се водам секогаш од принципите. Но, добив недвосмислена поддршка од сите во партијата. И, би било кукавички сега да се држам до мојот принцип и да избегам и да ја оставам целата работа, бидејќи во тој случај најсреќни би биле политичкиот противник и една мала група која се обидува да направи повторно преврат и да ја користи партијата во некои свои математики, трговии и пазарења и затоа тоа е завршена работа – изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на гостувањето на телевизија „Алфа“ во емисијата „Што не е јасно“.
Мицкоски посочи дека е и самокритичен, но и оти во оваа кампања поминал многу места и се сретнал со многу луѓе.
Лично чувтсвувам одговорност бидејќи дел наши членови беа исклучиво критични кон власта, не беа задоволни од ова што се случуваше, што го правеше власта. И тука не успеавме да ги убедиме дека сме поразлични и дека имаме капацитет да ги смениме работите. Тие велеа не излегувам да гласам сите се исти, а ние не ги убедивме дека сме поинакви, но од друга страна, како никогаш досега беа направени многу средби и посети – изјави Мицкоски.