Македонија 18. февруари 2021. / 14:53

Мицкоски: Заев ако сака нека достави предлог за личните карти со европско знаменце до Собранието

Мицкоски: Заев ако сака нека достави предлог за личните карти со европско знаменце до Собранието

Одговорајќи на новинарски прашања по средбата со раководството на Стопанската комора на Северозападна Македонија, Мицкоски потврди дека има сериозна забелешка од амбасадор на наша соседна држава околу предлогот законски да се овозможи наведувањето националност во личните карти.

Во однос на предлогот за впишување националност во личните карти, Мицкоски го повика Заев, ако навистина тоа го сака, Владата да го достави закон со европско знаменце до Парламентот.

– Ако ние инсистираме во личните карти да стои мојата национална припадност, дека сум дел од македонскиот народ, инсистираме тоа да биде во патните исправи и ако тоа навистина Зоран Заев сака да го направи, бидејќи досега брутално на 100 пати го прекрши правилото за користење на европското знаменце. Зошто тоа не го направи сега, зошто не го достави предлогот до собранието со европско знаменце, за да можам јас себеси да се идентификувам како Македонец. Зошто не го направи тоа самиот, туку го прави преку оние на кои им обезбедуваше логистика и друг тип помош пред изборите за да краделе гласови од ВМРО-ДПМНЕ, тие му се на услуга и со 100.000 – 200.000 амандмани прават филибастеринг. Инаку, апсолутно да, има сериозна забелешка од страна на амбасадор од страна на една соседна држава, рече Мицкоски.

Тој уште еднаш апелира Владата да ги обезбеди терминалите за отчитување отисок од прст и го посочи примерот со Албанија која, како што напомена, тој процес го завршила за три месеци.

-Апелираме веќе еден месец да почне таа процедура која е законско решение. Во октомври 2020 претходниот претседател на ДИК побарал средства од МФ, но не добил одговор, новиот претседател повторно побарал, па добил одговор, но дека парите ќе бидат обезбедени ако ДИК е подготвена да го спроведе законот. Тоа е исто како да ве прашаат дали сте подготвени да застанете на црвено или да проодлжите. ДИК ….Веднаш ги повкувам надлежните институции да и излезат во пресрет на ДИК и ова да биде операционализирано. Има најмалку три начини како да се проведе постапката. Сите државни органи да и помогнат на ДИК како МВР. Има простор и време, ако можеше Aлбанија за три месеци за поголем број избирачки места и послаб интегриран систем да го почне и заврпи овој процес, не гледам зошто ние сега седум месец пред кампањата да не го завршиме овој процес, рече Мицкоски.