Македонија 07. ноември 2019. / 14:44

Мицкоски за „Вечерњи лист“: Заев му даде аргументи на Макрон да ја блокира Македонија

Мицкоски за „Вечерњи лист“: Заев му даде аргументи на Макрон да ја блокира Македонија

Во интервју за „Вечерњи лист“ еден од најчитаните хрватски весници, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски изјави дека Заев му даде аргументи на Макрон да ја блокира Македонија.

На прашањето на новинарот на „Вечерњи лист“ зошто Макрон на блокирал Македонија, Мицкоски го даде следниов одговор:

Најпрвин ќе морам да ве корегирам, сметам дека ова не е еднострана одлука на претседателот Макрон, туку позади оваа одлука стојат уште неколку земји членки на ЕУ кои имаат аргументи за одлуката која ја донесоа. Тоа што го знаеме е дека тие сигурно имаат информации за случајот со рекетот и голема присутност на корупцијата. Сигурен сум дека тие имаат податоци за блиските контакти на Заев со сега приведениот Боки 13 кој има провладина телевизија. Сигурен сум дека се информирани и за злоупотребата на Катица Јанева, која беше црвена линија на Заев кога зборувавме за судбината на СЈО. Сигурен сум дека се пренесени и информациите за рекетирањето на компанија од фармацевтската индустрија или за амнестијата на Заев поради подмитување каде целата јавност го виде митото. Зборуваме за многу влијателни земји кои тешко дека донесуваат импулсивни и неоправдани одлуки.

На следното прашање дали очекува да ја промени одлуката за Македонија, Мицкоски додаде:

Мислам дека шансите се минимални, особено ако претседателот Макрон не добие цврсти аргументи, дека состојбата е променета и дека со давењето на датум за Македонија тоа ќе биде корисно и за Франција из а ЕУ. Кои гаранции може да ги даде Заев на Макрон? Ќе се заколне дека нема веќе да краде? Ќе се заколне дека нема веќе да врши притисок на судот и обвинителството? Се заколна дека нема човек кој на Македонија би и го сменил името, па го смени името. Заев нема образ, а Европа не верува на неговите солзи.

Целото интервју на Мицкоски за „Вечерњи лист“ можете да го прочитате ТУКА.