Македонија 29. февруари 2020. / 16:19

Мицкоски за ТВ дуелот со Заев: Едноставно се забавував додека разговарав со него

Мицкоски за ТВ дуелот со Заев: Едноставно се забавував додека разговарав со него

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски не даде оценка за првиот предизборен ТВ дуел со неговиот политички противник, лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Како што истакна Мицкоски, ќе остави на граѓаните да судат.

– Не би било пристојно јас да давам оценка, оставам граѓаните да судат, едноставно се забавував додека разговарав со господинот Зоран Заев – изјави Мицкоски во Охрид.

Вчера се оодржа првиот ТВ дуел на двајцата политички противници пред изборите кои се закажани за на 12 април.