Разочаран сум и лут од состојбата во Македонија, сведок сум на многу јавувања, нема јасна визија, состојбата добива добива апокалиптични размери, оставени сме буквално на милост и немилост, изјави претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вестите на Сител Тв.
Ние понудивме многу работи, последно беше да се формира Ковид комисија и таа да биде најповикана да даде одговор како да се справиме со состојбата. Недостасува стратегија, работите се излезени надвор од контрола . Веднаш да се формира Ковид комисија, таа не треба да биде партиска комисија, туку како најдобро и најлесно да се излезе од оваа ситуација. Луѓето се соочуваат со нови предизвици, луѓе се јавуваат да кажат дека не се примаат . Ако лично ме прашате , денеска политиките не воведоа во бездна или втора бездна. Само здравите луѓе можат да ја водат економијата.
Ние денеска глумиме нова нормалност со кризна состојба, а од друга страна организираме локални избори во Штип, истакна Мицкоски.