За Гоце Делчев нема преговарање, за македонскиот јазик нема преговарање, тоа е завршена работа, тоа е стекнато право. Гоце Делчев е дел од нашата македонска национална химна, тоа е дел од нашиот национален идентитет. Врз основа на тој лик ние сме создале држава, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
-Сега повторно гледаме една груба манипулација со јавноста, и тоа јавноста треба да го знае, а тоа е дека решението било дека нашиот источен сосед ќе си го чествува Гоце Делчев како нивен, а ние ќе си го чествуваме Гоце Делчев како наш.
Сега е така ситуацијата, сега ние го чествуваме Гоце Делчев како Македонец, што и е, како човек што се борел за оваа современа македонска држава, кој што е опеан во нашата химна, којшто претставува дел од нашиот идентитет. Зошто ние преговараме кога и сега е така, а кај нашиот источен сосед си го чествуваат како нивен. Имаат град Гоце Делчев итн. Што е разликата од сегашната реална фактичка ситуација? Зошто сега ние фингираме разговори, ако за ова преговараме? Сега е така. Но, целта не е таква. Погледајте ја само последната изјава на еден европратеник кој доаѓа од редовите на владејачката партија кај нашиот источен сосед и тој ќе ви каже дека не е тоа тоа. Дека според нив ваквиот начин кон приоѓање на ликот и делот на Гоце Делчев преставувало фалшлива југословенска историја, дека требало да се сменат учебниците, дека требало комплетно историјата да се смени, практично ние треба прифаќајќи ги преговорите за ликот и делото на Гоце Делчев како држава да прифатиме дека сме нација која постои од 1945. Има ли поголемо понижување да преговарате и да велите дека нашите предци – мојата баба, мојот дедо, моите прабаба и прадедо кои загинале борејќи се за Македонија, коишто говореле македонски јазик, сето тоа да го поништиме и да го избришеме, затоа што сега некој неспособен политичар го ставил на маса за преговарање – вели Мицкоски.
Целото интервју погледнете го ОВДЕ.