Македонија 16. април 2019. / 22:41

Мицкоски: За референдумот се откажавме од кампања за да се реновира школото во Тетово, уште шајка таму власта не закова

Мицкоски: За референдумот се откажавме од кампања за да се реновира школото во Тетово, уште шајка таму власта не закова

Минатата година ние за референдумот се откажавме од кампања за да се реновира гимназијата Кирил Пејчиновиќ, таму ништо уште не е направено, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Хрустијан Мицкоски кој учествуваше на дебатата на телевизија 21 од која дел беа и неколку аналитичари и новинари кои поставуваа прашања.

Ние рековме дека ги донираме средствата за гимназијата Кирил Пејчиновиќ. Сте биле таму, праша Мицкоски на што додаде дека тој неодамна го посетил Тетово.

– Јас сега бев таму. И сакам да поставам прашање на градоначалничката ваква се гради соживот. Не можеме да ги лажеме луѓето, државата ни се празни, граѓаните треба да ни веруваат, рече Мицкоски.