Македонија 03. јули 2019. / 18:54

Мицкоски за Рашковски: Tреба да сфати дека е генерален секретар на Владата, а не директор на боксерски клуб

Мицкоски за Рашковски: Tреба да сфати дека е генерален секретар на Владата, а не директор на боксерски клуб

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски е гостин во емисијата Отворено на телевизија Алфа, каде главна тема се новите политички случувања во Македонија.

Имав можност блиц да ја проследам онаа несреќна прес конференција на генералниот секретар Драги Рашковски. Човекот признава дека е дел од скандалозно криминално дејание, кажа дека го прави по задача на негов претпоставен, и тој претпоставен е премиерот на владата Зоран Заев, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на гостувањето на телевизија Алфа.

Мицкоски укажа дека нема намера да ги коментира како што рече „примитивните испади“.

Јас нема да ги коментирам испадите. Тоа е примитивното однесување на овие луѓе кои се декларираат како проевропски, тие се обични примитивци а само се декларираат како проевропски ориентирани граѓани. Рашковски е генерален секретар на Владата, не е претседател на боксерски клуб, рече Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ укажа дека Рашковски се заканува на институции, поединци, новинари, а тоа како што додаде е крајно недозволиво. Човекот, вели, Мицкоски, мора да сфати дека е генерален секретар на Владата.