Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во интервју за Дојче Веле рече дека деновиве ќе го слушнеме неговиот забранет говор во Собранието.
Претседателот на Собранието Талат Џафери вчера не дозволи Мицкоски, кој не е пратеник, пради важноста на прашањето за измените на Уставот, да се обрати до народните избраници, иако ВМРО-ДПМНЕ официјално достави барање до него. Поради тоа, Мицкоски во јавноста деновиве ќе го соопшти говорот.
Бидете трпеливи, денес-утре ќе го слушнете забранетиот говор и сето она што сакам да и го соопштам на јавноста како моја порака, рече Мицкоски за Дојче Веле.
На прашањето зошто говорот го дефинира како „забранет”, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ одговори:
Јас знам дека во парламентот досега биле дозволени обраќања на многу личности кои не биле пратеници. Во изминатиот период се обрати Могерини, се обрати Столтенберг… Ако можеа странски претставници да се обратат, не разбирам зошто не може да се обрати и лидерот на најголемата опозициска партија? Во доцните деведесетти се обратија и студентите, и имаме многу други примери во минатото. A само еден ден претходно од премиерот чувме пораки за помирување, простување…- истакна Мицкоски.
Целото интервју прочитајте го ТУКА.