Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес-конференцијата ја обвини Владата предводена од СДСМ дека во првите три месеци од годинава потрошила 43% од вкупно планираниот буџетски дефицит за 2020-та или 120 милиони евра повеќе од планираното со цел да се обиде да оствари што подобар резултат на предвремените парламентарни избори кои требаше да се оддржат во април.
Врз буџетот од страна на Владата на СДСМ е направен смислен и добро органзииран грабеж на народните пари, тоа го покажува, реализацијата на буџетот кое што Министерството за финасиии го објави во текот на вчерашниот ден. Не можам никако поинаку да го оквалификувам ова затоа што е трошено безмилосно расипнички и недомаќински. И ова нема никаква врска со политика. Извршен е буквално смислен грабеж на економијата во првите три месеци од годинава со цел да се покријат изборите, кои требаше да се случат, кога се потрошени 43% од буџескиот дефицит, планиран за целата година или 120 милиони евра. Потрошиле 120 милиони евра повеќе од тоа што собрале во буџетот. Додека нас не убедуваа дека блескаме и буџетот е ликвиден. Или во просек го задолжила дополнително секое македонско семејство со по 15.000 денари од почетоков на годинава до месец март, изјави Мицкоски.
Мицкоски уште еднаш повтори дека кога било јасно дека Македонија ќе биде силно погодена од коронавирусот во првите три месеци од годинава, е извршен грабеж на буџетот и дека Македонија била ставена во подредена состојба , а Заев и неговото ракоовдство играле all in со буџетот на Македонија и нашата заедничка иднина.
Заев и неговото раководство мотивирано од лукративни мотиви и желбата по било која цена да се обиде да оствари подобар резултат на предвремените парламентарни избори, потроши за еден квартал речиси половина од буџетскиот дефицит, планиран за цела фискална 2020 година, изјави Мицкоски.