Македонија 07. март 2019. / 19:22

Мицкоски: Во ВМРО-ДПМНЕ има поделба дали ќе имаме во првиот круг 500 000 или 490 000 гласа со нашиот претседателски кандидат

Мицкоски: Во ВМРО-ДПМНЕ има поделба дали ќе имаме во првиот круг 500 000 или 490 000 гласа со нашиот претседателски кандидат

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски е гостин на ТВ Алфа во емисијата ,,Отворено” каде се разговараше за актуелната политичка ситуација во државава.

Во ВМРО-ДПМНЕ во моментов има поделба, дали ќе имаме во првиот круг со нашиот претседателски кандидат 500 000 или 490 000 гласа, таа е вистинската подлеба и дебата која што ја имаме во ВМРО-ДПМНЕ во овој момент. И се надеваме дкеа ќе идеме и над таа бројка, затоа што работиме секој ден како тим, како раководство како партија без разлика дали станува збор за Извршниот Комитет, Општинските Комитети, или останатите комитети на партијата, одговори Мицкоски на прашањето дали во ВМРО-ДПМНЕ има поделба на реформатори и патриоти.