Македонија 11. декември 2018. / 15:52

Мицкоски: Во Струмица тешко се живее, граѓаните масовно се иселуваат

Мицкоски: Во Струмица тешко се живее, граѓаните масовно се иселуваат

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски при своето гостување во вестите на телевизија Алфа истакна дека целокупната лоша економска политика во државата е пресликана во Струмица и струмичкиот регион.

Во Струмица и струмичко има еден заеднички именител како што впрочем е и во сите останати региони во Република Македонија. Тешко се живее како од економски аспект така и од било кој друг аспект бидејќи практично имаме масовно иселување на граѓаните кое што тука е посебно изразено во последниве година две, изјави Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ потенцираше дека економската ситуација е катастрофална, нема нови работни места, нема нови инвеститори и тие што се тука мака мачат да го скрпат први со први за да можат да поделат плата, а посебно ги погодува овој нов предлог закон кој што го даде Владата на СДСМ и Зоран Заев за зголемените даноци.

-Практично тоа е карактерна особина на влада и политичар што нема визија, нема проекти не знае да спроведе реформи во економијата и најлесно му е „ајде да посегнеме по она што ни е најблиску до раката, а тоа се граѓаните“. Оние граѓани кои претходно му ја дале довербата и го избрале за премиер во република македонија. Тоа е погрешен пристап што не треба да ни се повторува во иднина. Целокупната лоша економска ссостојба во државата е пресликана тука во Струмица и струмичко, подвлече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.