Македонија 14. јули 2018. / 15:44

Мицкоски: ВМРО – ДПМНЕ ќе изготви закон за амнестија, а за референдумот не се знае (ВИДЕО)

Мицкоски: ВМРО – ДПМНЕ ќе изготви закон за амнестија, а за референдумот не се знае (ВИДЕО)

– Ја користам оваа прилика да кажам дека политиката и политичарите не треба да се професија. Во политиката треба да дојдат нови луѓе, коишто кога ќе дојдат, да си стојат на зборот и она што ќе го кажат ќе го исполнат. На политичарите кои што лажат, политичарите кои што не може да им се верува, многу скоро ќе станат минато на политичката сцена. Ја користам и оваа прилика овде во градот Прилеп да ја искоментирам изјавата на претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев кој се обиде на сопствен начин да употреби хумор за начинот на однесување на опозицијата.

 

Не знам дали господинот премиер ја знае вистинската смисла на зборот адолесцентно, но доколку опозицијата не се чувствува комотно и не чувствува доверба од страна на Владата и дека Владата има капацитет да стори се и демократски избори, тогаш не знам како може да биде толку убеден дека она што опозицијата како политика го има и она што Владата го нуди како проблематика ќе гарантира еден ако им се случи успешен референдум, каде што граѓаните ќе треба да го дадат своето мислење за некое прашање кое се уште не е дефинирано, изјави претседателот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски при денешната посета на Прилеп.

Формирањето на Државната изборна комисија (ДИК) е дел од пакет мерки и не треба да се гледа издвоено. ВМРО-ДПМНЕ ќе изготви закон за амнестија, а за референдумот ништо не се знае зашто не е дефинирано ниту прашањето, изјави претседателот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски при денешната посета на Прилеп.

-Не смее ДИК да се гледа како издвоено прашање. Тоа беше дел од еден поголем пакет. Тој започна со таканаречените, реформски закони, кои беа усвоени во март-април годинава, опозицијата учествуваше во нивното креирање и усвојување кога се врати по неколкумесечното отсуство. Втората работа, донесена и прифатена од Владата, е донесувањето на законот за финансирањето на партиите и измените во законот за Влада каде треба да се дефинираат истите оние услови кои ги имаше опозицијата за време на предвремените парламентарни избори во 2016 година, па дури потоа на дневен ред доаѓа формирањето и изборот на ДИК, рече Мицкоски.

 

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ повторно ги демантира сите инсинуации и шпекулации дека партијата уценува со некаква амнестија.

-Не станува збор за никаква уцена. Амнестијата е издвоена од целокупниот овој процес и е посебен, за што ВМРО-ДПМНЕ, во консултација со партиските структури ќе достави во Собранието закон за амнестија и ќе инсистираме на неговото донесување, одговори Мицковски.

Според Мицковски, се додека не се распише референдумот, многу веројатности и опции се отворени. Вели дека можно е референдумот и да се случи и да не се случи.

-Се до оној момент додека референдумот не биде распишан и додека не биде дефинирано рефенрендумското прашање, сите опции се отворени. Распишувањето на референдумот го прави мнозинството во парламентот, а тоа не е ВМРО-ДПМНЕ, Мицковски.