Македонија 24. јули 2019. / 16:26

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ го предлага судијата Владимир Панчевски за наследник на Катица Јанева

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ го предлага судијата Владимир Панчевски за наследник на Катица Јанева

ВМРО-ДПМНЕ го предлага судијата Владимир Панчевски за наследник на Катица Јаенева, рече лидерот на партијата Христијан Мицкоски попладнево во интервју за ТВ Сител.

– Нашите забелешки за предлог законот на јавното обвинителство се принципиелни, прво човечкиот ресурс со кој располага СЈО е дискутабилен. Целиот тим гледаме дека е целосно контаминиран од случајот „Рекет“. Тие мора да си се вратат во обвинителства од каде што биле преземени – рече Мицкоски.

Тој наброја дека во СЈО биле вработени внукот на Јанева, идната снаа на Јанева, двајца братучеди на обвинителот Гаврил Бубевски, синот и внуката на една од обвинителките, ќерката на разрешениот директор на МЕПСО, Сашо Василевски…

– Сите овие договорци да бидат преземени? Останува прашањето кого поддржуваме ние? Луѓе кои биле соучесници во рекет? Истрагата ќе покаже кој сѐ од овие лица е инкриминиран. Тоа е како ние да го предложиме Владимир Панчевски. Зошто да не го избереме Владимир Панчевски? Зошто да не биде тоа решение? – рече Мицкоски.

Поранешниот претседател на кривичниот суд, Панчевски моментално е суспендиран од работа поради злоупотреби на АКМИС ситемот.