Македонија 24. јули 2019. / 16:26

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ го предлага судијата Владимир Панчевски за наследник на Катица Јанева

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ го предлага судијата Владимир Панчевски за наследник на Катица Јанева

ВМРО-ДПМНЕ го предлага судијата Владимир Панчевски за наследник на Катица Јаенева, рече лидерот на партијата Христијан Мицкоски попладнево во интервју за ТВ Сител.

Нашите забелешки за предлог законот на јавното обвинителство се принципиелни, прво човечкиот ресурс со кој располага СЈО е дискутабилен. Целиот тим гледаме дека е целосно контаминиран од случајот „Рекет“. Тие мора да си се вратат во обвинителства од каде што биле преземени – рече Мицкоски.

Тој наброја дека во СЈО биле вработени внукот на Јанева, идната снаа на Јанева, двајца братучеди на обвинителот Гаврил Бубевски, синот и внуката на една од обвинителките, ќерката на разрешениот директор на МЕПСО, Сашо Василевски…

– Сите овие договорци да бидат преземени? Останува прашањето кого поддржуваме ние? Луѓе кои биле соучесници во рекет? Истрагата ќе покаже кој сѐ од овие лица е инкриминиран. Тоа е како ние да го предложиме Владимир Панчевски. Зошто да не го избереме Владимир Панчевски? Зошто да не биде тоа решение? – рече Мицкоски.

Поранешниот претседател на кривичниот суд, Панчевски моментално е суспендиран од работа поради злоупотреби на АКМИС ситемот.