Македонија 13. март 2021. / 22:27

Мицкоски: Владата запленила путер со изминат рок, а молчи за пет шлепери шверц на тутун

Мицкоски: Владата запленила путер со изминат рок, а молчи за пет шлепери шверц на тутун

Конечно жестока борба против корупцијата, Љупчо Николовски се пофали со голем успех, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на „Фејсбук“, откако вицепремиерот за борба против корупција, Николовски, вечерва информираше дека е пронајден и запленет путер со поминат рок на употреба.

„Владата запленила путер со изминат рок, а молчи за 5 шлепери шверц на тутун преку Крива Паланка.
Во колку е аплаузот Љупче? Криминалци едни…“, додава Мицкоски.

Конечно жестока борба против корупцијата, Љупчо Николовски се пофали со голем успех. Владата запленила путер со изминат…

Posted by Hristijan Mickoski on Saturday, March 13, 2021