Македонија 13. јануари 2021. / 18:35

Мицкоски: Владата за своите во Штип е „мајка”, а за народот во Вевчани „маќеа“

Мицкоски: Владата за своите во Штип е „мајка”, а за народот во Вевчани „маќеа“

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски остро реагираше на немирите кои попладнево се случија во Вевчани откако полицијата интервенираше и  го растур карневалот.

Тој вели дека Владата за своите во Штип е „мајка“, а за народот во Вевчани е „маќеа“.

Кога Владата за своите во Штип е “мајка”, а за народот во Вевчани “маќеа”.

Кога Владата цензурира критика и традиција…

Posted by Hristijan Mickoski on Wednesday, January 13, 2021

Кога Владата цензурира критика и традиција долга илјадници години, а не спречува роденден на пример во самата Влада. Кога самата власт организира избори во Штип и Пласница, а на народот му забранува да организира карневал зошто тој е критика за Владата. Кога полицијата наместо криминалци, се тера да го брка својот народ… Народе, добро запамети го овој ден и овие двојни аршини. Прво пораз, а потоа одговорност за сите од власта“, напиша Мицкоски на Фејсбук.