Македонија 08. октомври 2019. / 21:19

Мицкоски: Владата на СДСМ пред 18 месеци излажа дека Македонија доби датум за преговори

Мицкоски: Владата на СДСМ пред 18 месеци излажа дека Македонија доби датум за преговори

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски е гостин во ,,24 отворено” на 24 вести каде главна тема се актуелните политички случувања во Македонија,

Велите Македонија е пред добивање датум за преговори, а јас си спомнувам за она фамозно селфи од владиниот авион пред 1,5 година, каде Заев, Димитров, Османи и Анѓушев каде направија селфи и ни честитаа датум за преговори, па после дојдоа оние неславни прослави на полупразни плоштади со народни пари. И јас не видов некој во овие 18 месеци да се извини на народот што излажа, но ниту некој понесе сметка како се потрошија тие пари, одговори Мицкоски.

Мицкоски додаде дека од срце посакува Македониај да добие датум за преговори и да стане дел од ЕУ.