Македонија 20. март 2020. / 19:57

Мицкоски: Владата е премногу суетна да ги прифати мерките што ги предлагаме или ги прифаќа со доцнење

Мицкоски: Владата е премногу суетна да ги прифати мерките што ги предлагаме или ги прифаќа со доцнење

Во денешното издание на вестите на Сител телевизија гостуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Тој потенцираше дека власта може да го обвини за секој нејзин неуспех и неработење и дека не го плашат обвинувањата на Заев, туку она што моментално и се случува на Република Македонија и борбата со пандемијата која владее.

Исто така Мицкоски истакна дека во овие моменти е најважно здравјето на граѓаните, а не политиканство.

-Воопшто не ме загрижува Зоран Заев и неговите соработници околу него кои мене ќе ме обвинуваат за било што. Мене ми е важно здравјето на граѓаните и како Република Македонија ќе се справи со проблемите откако пандемијата ќе стивне. Загрижен сум за моменталната ситуација во Македонија, рече Мискоски.

Тој напомена дека ВМРО-ДПМНЕ може да помогне во оваа ситуација со сет мерки кои веќе неколку дена ги предлага, но оваа Влада, како што рече, е премногу суетна и не знае од која причина не ги прифаќа или пак ги прифаќа со доцнење.

-Уште пред скоро еден месец им се предочуваше на СДСМ и на Владата дека ни се приближува пандемија и дека државата мора да биде спремна за таков предизвик. Сега не е момент за обвинувања и за превирања, иако оние кои сега обвинуваат се директно одговорни за несигурноста на системот, додаде Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ е на располагање со сиот свој капацитет да помогне во оваа ситуација и да соработува со цел зачувување на здравјето на граѓаните, бидејќи нивното здравје е пред и над се, заврши Мицкоски.