Македонија 15. декември 2020. / 20:00

Мицкоски: Вистински скандал е што Заев вчера рече дека ќе свика лидерска, денеска го смени мислењето

Мицкоски: Вистински скандал е што Заев вчера рече дека ќе свика лидерска, денеска го смени мислењето

Станува секому јасно дека Зоран Заев бега од проблемите што ги мачат граѓаните, што тој и Владата која ја предоводи ги создаваат, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашната прес-конференција.

„Ниту почит, ниту грижа има за нив. Факт е дека има проблеми со економијата која е во рецесија. Исто така, факт е дека има проблеми со ковид зравствената криза. До вчера славеа по рестораните и одржуваа избори, денеска воцедуваат рестриктивни мерки. Исто така, факт е дека има проблеми со Бугарија којашто го докажува ветото кое го заработија. Најпосле, факт е дека Зоран Заев има проблем со Владата, внатре во самата Влада со коалициските партнери, но исто така внатре во неговата партија. А најголем факт е дека Владата е наголем проблем. И затоа треба, токму на овие теми да разговараме на лидерска средба, затоа што одговорно е и граѓаните очекуваат ние да најдеме решение за проблемите коишто постојат“, појасни Мицкоски.

Според него вистински скандал е што Заев вчера говори едно, денеска сосема друго. Вчера, додаде тој, Заев рече дека ќе свика лидерка средба ако тоа не го направи Пендаровски, денеска го промени мислењето.

„Овој човек за се и сешто менува ставови, што ги доведува граѓаните до сериозно чувство на несигурност и ваквото однесување навистина создава проблеми. Менувањето на ставови е најголемата потврда дека проблемите кои ги споменав постојат. Гледам нервозно, со лаги и навреди се обраќа кон мене, како што тоа го прават постојано. И додека тој тоа го прави со невистини кај само ќе констатирам факт дека Зоран Заев е амнестиран за криминал“, рече Мицкоски.

Сосема на крај, додаде тој, кога изворот на сите проблеми е Зоран Заев, решението е тој да си замине