Македонија 14. јануари 2021. / 19:58

Мицкоски вели дека треба да има соработка со власта околу пандемијата

Мицкоски вели дека треба да има соработка со власта околу пандемијата

Вечерва гостин во вестите на Сител беше лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски. Пред самиот крај на ова гостување тој беше доби прашање околу намалувањето на рестрикциите за пандемијата.

На прашањето околу новите мерки со пандемијата, односно различното време на угостителските објекти тој реплицираше дека никој од власта не споделува информации со него, велејќи дека мора да има координација.

– Јас не знам врз основа на која навигација власта ги одредува мерките околу пандемијата, вели Мицкоски.

Тој бара соработка и координација со власта на оваа тема.

– Или ќе соработувате и ќе ја информирате опозицијата или вашиот однос ќе биде неконструктивен, заврши Мицкоски.