ВМРО ДПМНЕ имаше редовна седница на Извршниот Комитет, а темата беше пописот, она кое беше заклучено е дека попис е потребен, но да биде статистичка, а не политичка операција, изјави лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски на прес конференција на Фејсбук.
Потребна е статистичка операција за да можеме да го планираме развојот на економијата, образованието, земјоделството, истакна тој.
„Попис како статистичка операција се прави откако ќе се постигне национален и општествен консензус, што во овој случај го нема, ниту еден од 40 амандмани не беше прифатен од страна на владеачкото мнозинство. Поради ковод панемијата, многу поразвиени држави го одложија, како Германија, Шкотска, Ирска, Србија и Хрватска. Станува збор за многу поразвиени држави“ изјави Мицкоски.
Попишувањето е предвидено без покажување без било каков доказ, дали може да се случи едно лице да диктира повеќе матични броеви, постои институт политички двоен потпис, велат попишаните матични броеви ќе бидат вкрстени со база на податоци, а кои бази на податоци, методологија која не е излезена во Службен весник, истакна Мицкоски.
Се злоупотребува европското знаменце, оти не е статистичка, туку политичка операција. ВМРО ДПМНЕ даде неколку конструктивни предлози како отпечаток на прст . Уште една небулоза беше рефлектирана дека со терминалите за отисок на прстот ќе биле потрошени повеќе средства , што е лага и извртување на вистината, истакна Мицкоски.
ВМРО ДПМНЕ на Извшниот комитет се согласи веднаш владеачкото мнозниство да го повлече законот за попис и да организира внатедржавна дебата, да ги обедини сите политички чинители за да дојдеме до консензулано решение. Доколку тоа не се случи ВМРО ќе поднесе иницијатија за собирање на потписи за предлог закон за поништување на овој закон и за ова ги повикуваме сите граѓѓани да ни се придружат,изјави Мицкоски.