Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на ТВ-дуелот со Зоран Заев на МТВ истакна дека е убеден во голема победа на ВМРО-ДПМНЕ, но не сака да калкулира со бројки.
Мицкоски потенцира дека повеќе се концентрира на суштината, односно на проектите што ги нудат.
Според него, власта покажа дека не умее да се справи со короната и дека сме рекордери по загубени животи и заразени.
Предуредиме на ова уште во февруари, но бевме обвинети за ширење на лажни вести. Предлагавме сет мерки за здравствената заштита, но и за бизнис секторот. Ниту еден наш предлог не беше прифатен – објасни Мицкоски.