Македонија 04. јануари 2021. / 11:20

Мицкоски: Требаше да бидеме држава во која ќе се делат лекции по економија, а со Заев сме на дното

Мицкоски: Требаше да бидеме држава во која ќе се делат лекции по економија, а со Заев сме на дното

Додека Заев е премиер, земјата има нула шанси за подобар живот, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој додава дека требаше да блескаме, а сме рекордени по сиромаштија, смртост, најнесреќен народ, хибриден режим.

Македонија со Заев е земја рекордер, но какви рекорди се рушат?
-Македонија 5-та во светот по смртност од коронавирус, стои во анализата на France Presse (AFP);
– Македонија е 3-та најсиромашна земја на европскиот континент според статистиката на ЕУРОСТАТ;
-Македонија е држава со хибриден режим според Freedom House на дното во Европа по демократија;
-Македонија е прогласена за најнесреќна земја во Светот според агенцијата Галуп;
А требаше да блескаме, да бидеме држава во која ќе се делат лекции по економија… со Заев сме приковани на дното, додека тој е премиер, земјата има нула шанси за подобар живот, напиша Мицкоски.

Македонија со Заев е земја рекордер, но какви рекорди се рушат?

-Македонија 5-та во Светот по смртност од коронавирус,…

Posted by Hristijan Mickoski on Monday, January 4, 2021