Македонија 15. декември 2019. / 13:37

Мицкоски: Томислав Димитровски кој учествуваше во инцидент ќе биде разрешен, нема да биде веќе мој советник

Мицкоски: Томислав Димитровски кој учествуваше во инцидент ќе биде разрешен, нема да биде веќе мој советник

На денешната прес-конференција претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски изјави дека Томислав Димитровски кој бил еден од советниците во тимот на Мицкоски, ќе биде разрешен.

Според Мицкоски без разлика што го знае од детсвото и се работи за квалитетен кадар, во ВМРО-ДПМНЕ нема место за луѓе кои ја земаат правдата во свои раце.

За потсетување Томислав Димитровски репетирал пушка и ја вперил кон соседот додека се расправале во зградата.