Македонија 21. јануари 2021. / 13:25

Мицкоски: Толку се неспособни, што дури и подарени вакцини не може да ги применат

Мицкоски: Толку се неспособни, што дури и подарени вакцини не може да ги применат

Пред еден месец кога Бугарија соопшти дека ќе ни подари вакцини против корона, тоа го поздравив и прашав дали Владата има воопшто план? Денес го добивме одговорот декa нема, пишува на Фејсбук претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Имено Премиерката на соседна Србија, Брнабиќ кажува дека и покрај тоа што одлучиле да помогнат со 8 илјади вакцини процесот е закочен зошто вакцината не е регистрирана и има отсуство на план за регистрација. Со други зборови, додека светот оди напред, нашата влада го губи времето, додека народот умира на рати. Толку се неспособни што дури и подарени вакцини не може да ги применат. Што правеа додека регионот планираше и бараше вакцини?, прашува Мицкоски.

 

Пред еден месец кога Бугарија соопшти дека ќе ни подари вакцини против корона, тоа го поздравив и прашав дали Владата…

Posted by Hristijan Mickoski on Thursday, January 21, 2021