Македонија 06. јули 2020. / 21:52

Мицкоски: Тој што има проблем со законите не може да биде реформатор

Мицкоски: Тој што има проблем со законите не може да биде реформатор

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашната втора дебата на Македонската телевизија, со претседателот на СДСМ, Зоран Заев се осврна и владеење на правото и почитувањето на правните норми.

Според него мора да се почитуваат законите и дека сите да се еднакви пред законот.

-Секој што се огрешил пред законот, без разлика кој е, буквално секој ќе одговара. А тој што има проблем со законите, не ги почитува, едноставно не може да биде реформатор, рече Мицкоски укажувајќи дека Заев треба да го прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за испитување на потеклото на имот прво на политичарите.

-Заев и СДСМ до сега имаа три години да го спроведат тоа за кое говореа,а  говорат и сега, рече Мицкоски упатувајќи порака до оние кои работеле според закон треба да бидат спокојни и обвинителите, судиите.