Македонија 28. јуни 2020. / 14:25

Мицкоски: Свитканата кичма ќе остане запаметена за неславното владеење на Заев

Мицкоски: Свитканата кичма ќе остане запаметена за неславното владеење на Заев

Лидерот на Христијан Мицкоски, објаснува дека во предизборните спотови на неговата партија е прикажана грдата слика на реалноста во која живее македонскиот народ.

Во интервју за МИА, Мицкоски истакнува дека македонските граѓани доживеале голем број понижувања од власта на Зоран Заев.

Тешка, мачна е реалноста. Понижувачка е реалноста во која што живеат македонските граѓани и впрочем тоа е цитат можеби единственото ветување на Зоран Заев коешто го исполнил откако функционира на политичката сцена, а тоа е дека треба да си ја свиткаме кичмата од таа 2008 година. Да, тешко е кога ќе се соочите со реалноста и тоа не ве прави подобар човек ако бегате од таа реалност – вели Мицкоски.

Тој вели дека неговата партија има програма која ќе понуди различна алтернатива на сите понижувања доживеани во изминатите три години.

Јас ги разбирам и СДСМ и Зоран Заев, тешко е и мачно е да се гледа тоа што го направија изминативе три години, но затоа сме тука да понудиме практично алтернатива на кое што го стори СДСМ изминативе три години со сите оние понижувања, лаги, невистини, конструкции, криминал, корупции, Луи Витон ташни, трас, трас судски одлуки. Гледаме таму како еден поранешен функционер од Владата предводена од СДСМ како слободно си реди купчиња пари во чанта. Тоа е она што е тешко да се гледа и на тоа се губат гласови, а инаку ова е реалноста што ни ја најави Зоран Заев дека треба да си ја свиткаме кичмата. Но, среќа е, не треба граѓаните да губат надеж. Има алтернатива и свитканата кичма ќе остане само запаметена по времето на Зоран Заев. Во иднина ќе имаме гордо крената глава – порачува Мицкоски.