Македонија 29. јуни 2019. / 19:01

Мицкоски: Спремни сме да му ги исполниме двете желби на Заев

Мицкоски: Спремни сме да му ги исполниме двете желби на Заев

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ гостувајќи во вестите на Канал 5 телевизија денеска изјави дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвено да му излезе во пресрет на Заев и да му ги исполни двете желби, едната е да биде министер за финансии, да си даде оставка од премиерското место и истовремено за 100 дена од сега да организираме предвремени парламентарни избори и еве да видиме дали ќе му се исполни втората желба да не смачкал на избори.

Ние се базираме на принципиелна политика, политика која што се темели на проекти и реформи со што ќе победиме на тие избори, додаде Мицкоски.