Денеска ја користам оваа прилика да коментирам четири теми кои што се актуелни изминативе денови. Би започнал со можеби најактуелната а тоа е состојбата со Ковид-19 вирусот во Куманово, посочи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во видеообраќањето од самоизолација.
Во текот на вчерашниот ден имавме голем број на апели на кумановци па дури и на градоначалникот на Куманово до владата за прогласување на кризна состојба и поуспешно справување со Kовид-19 вирусот и оваа пандемија која што ни се случи. Но, од друга страна видовме еден примитивен инает, надменост би рекол лична фрустрација и суета од страна на владата и техничкиот премиер Оливер Спасовски кој никако позитивно да одговори на барањето на кумановци и градоначалникот на Куманово. Иако и кумановци и сите ние сме сведни дека пред некоја недела дека токму лично тој под превезот на хуманитарна помош за ранливите социјални категории се обидуваше да спечали некои политички поени, на тој начин некако го рашири ковид-19 вирусот и пандемијата во Куманово – порача Мицкоски во своето видеообраќање.