Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на прес-конференција најави дека по победата на неговата партија на претстојните избори, во Македонија ќе дојде време на економска обнова.
Мицкоски истакна дека таа преродба ќе биде заснована на економски темели за кои најважни услови ќе бидат правдата, почитување на законите и пораст на стандардот кај граѓаните.
Се тоа ќе резултира со повеќе пари за стопaнството, бизнисот и граѓаните.
– Ќе паѓаат даноците, а тоа значи повеќе пари за стопанството и граѓаните. Целосно ќе го напуштиме концептот на прогресивен данок и ќе воведеме рамен данок до осум проценти – најави Мицкоски.