Македонија 06. ноември 2020. / 12:06

Мицкоски, Села и Гаши градат мост за соработка на опозицијата во регионот

Мицкоски, Села и Гаши градат мост за соработка на опозицијата во регионот

Конференција „Конзервативни народни партии – градење мостови кон заедничка иднина во ЕУ” ќе се одржи денеска во Скопје во организација на фондацијата „Конрад Аденауер“.

На конференцијата ќе учествуваат лидерите на ВМРО ДПМНЕ, Алијансата за Албанците и на Алтернатива. Покрај Христијан Мицкоски, Зијадин Села и Африм Гаши, на заедничкиот настан учество ќе земат и Демократската партија на Албанија на Љуљзим Баша, чиј говорник ќе виде Арбен Кашаху како и Демократската лига на Косово чиј основач е Ибрахим Ругова, а сега лидер – Иса Мустафа.

Поздравен говор ќе има и Пауло Рангел, потпретседател на ЕПП, преку линковско вклучување поради ситуацијата со коронавирусот.

Значајно е што ова е првиот мост за соработка на опозицијата во регионот и извесна потесна соработка на ВМРО-ДПМНЕ со опозициските албански партии.

Настанот ќе почне во 14:30 часот во хотелот „Хилтон“.