Македонија,Економија 28. јуни 2020. / 18:45

Мицкоски се сретна со штедачите од ТАТ: Истите ликови што беа дел од тој криминал, се уште се актуелни во политиката

Мицкоски се сретна со штедачите од ТАТ: Истите ликови што беа дел од тој криминал, се уште се актуелни во политиката

За време на посетата на Битола, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христија Мицкоски оствари средба со штедачите од пропаднатата штедилница ТАТ.

Тажна судбина на многумина кои загубија се во животот. Во тоа време Радмила Шекеринска беше функционер во СДСМ, а Зоран Заев на почетокот на својата политичка кариера, напиша Мицкоски на Фејсбук.

Тој го истакнува фактот дека и денес истите ликови што беа дел од тој криминал се уште се актуелни во политиката.

Тогашниот октопод го надоградија со рекетарски Октопод. Затоа, сето ова може да се прекрати, а одговорот е 15 јули. Не ветувам работи за кои не сум стопроцентно сигурен дека ќе ги остварам, но тоа што го ветувам, а го има во програмата Проект „Обнова“ бидете сигурни дека ќе го реализираме. Никогаш повеќе криминал, корупција и држава на колена. Доаѓа обнова во која ќе има правда и повеќе пари за народот – вели Мицкоски.