Македонија 11. декември 2018. / 13:24

Мицкоски се сретна со претседателот на албанското Собрание: Иднината на регионот е во ЕУ и НАТО

Мицкоски се сретна со претседателот на албанското Собрание: Иднината на регионот е во ЕУ и НАТО

Денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, Никола Мицевски оствари средба со претседателот на албанското Собрание, Грамоз Ручи.

Мицкоски и Ручи ја констатираа добрата соработка помеѓу двете држави и двата народи.

На средбата беше констатирано дека иднината на регионот е во ЕУ и НАТО, но и со целосна посветеност во борбата против корупцијата и организираниот криминал.

Мицкоски посочи дека во Република Македонија моментално не се почитуваат демократските принципи и вредности, власта која ја зави во црнило државата го користи правосудството како алатка за пресметка со политичките неистомисленици, наместо по закон институциите работат по диктат.

Беше констатирана и потребата од поголем економски развој на регионот и поголема соработка на економски план.