По седницата на Централниот Комитет, Христијан Мицкоски претседателот на ВМРО-ДПМНЕ се огласи преку Фејсбук:
-ВМРО-ДПМНЕ вечерва одржа историска седница на Централниот Комитет на партијата. ВМРО-ДПМНЕ има силен механизам изграден во рамки на партијата кој што секогаш успева да ја прочисти партијата. Да го исчисти она што е лошо од партијата и јасно да го избистри доброто. Повторно да се врати на идеалите и корените на ВМРО, и да се погледне во очи со својот народ, со македонскиот народ, напиша претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на Фејсбук.