Македонија 29. декември 2020. / 22:36

Мицкоски: СДСМ се добри само да направат некоја интрига или бизнис

Мицкоски: СДСМ се добри само да направат некоја интрига или бизнис

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во вечерашното интервју во „Прашањето ми е следно“ на порталот Инфомакс,  рече дека граѓаните не може да очекуваат ништо од владата на СДСМ.

Како што рече и покрај најавите од 2016 година доколку дојдат на власт ќе ги исполни дадените ветувања за реформи и проекти, сега прави сосема спротивното укажувајќи дека тие се добри само да направат некоја интрига или бизнис и да земаат некој процент.

„Сета онаа кампања на СДСМ до 2016 година која што велеше дека ако формира влада и дојде на власт дека ќе ја спроведе на дело, денеска е спротивно. Јас не го гледам бројчаникот, не гледам чист воздух, не гледам вода не гледам 500 километри автопат, не гледам реформирано образование напротив гледам руинирано, не гледам реформиран здравствен систем напротив гледам руиниран, не гледам инвестиции во енергетиката, не гледам реформирано правосудство, напротив гледам комплетно заробено правосудство што е основен симбол за заробена држава. Сето она кое што тогаш го зборуваше денеска е антипод на она што го прави. Тоа е капацитетот на оваа структура на политичари кои што се во владата, немаат они поголем капацитет и никој не може да очекува да имаат капацитет. Тие се добри да направат интрига, да направат некое бизнивче да земат некој процент, тоа е начинот на кои овие луѓе функционираат и ние не можеме како граѓани еве четири години гледаме како тие функционираат да очекуваме нешто поинаку, затоа што е невозможно, тоа е матрица“, истакна Мицкоски.